Ахмети бара помош од Филе за решение на името

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во Брисел имаше средба со олеснувачот при имплементацијата на Рамковниот договор во 2001 година, Питер Фејт, со кого разговарале за прашањата важни за земјата и регионот.

Лидерот на ДУИ, Ахмети, на својот фејсбук-профил објави дека попладнево ќе се сретне со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, а вечерва ќе разговара со политичките советници на претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј.

Токму Ахмети од завчера, придружуван од својот партиски колега и министер за евроинтеграции Фатмир Бесими, е на десетдневна турнеја низ повеќе европски метрополи, каде од лидерите на Унијата ќе бара помош за решение на името за спорот со Грција и за побрзо интегрирање во ЕУ и во НАТО.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански