Ахмети: Ако не се прифатат нашите барања, ќе нема влада

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека нема да ги разочара Албанците со неговата одлука со кого ќе влезе во коалиција за состав на новата влада, но не прецизира дали изборот ќе биде ВМРО ДПМНЕ или СДСМ.

Тој негира дека има некакви преговори ниту со Груевски ниту со Заев.

– Ќе им кажам на сите Албанци во Македонија да не стравуваат. Конечната одлука ќе ја одразува волјата на мнозинството граѓани Албанци, затоа што ДУИ никогаш не донела одлука која е против својот народ, изјави Ахмети во интервју за емисијата 200, а пренесе Алсат М.

Тој не ја исклучува и можноста земјата да остане без влада ако не се прифатат неговите барања за унапредување на правата на Албанците во Македонија. Тој повика кај македонските партии треба да преовлада разумот, бидејќи најштетната алтернатива за земјата е да остане без влада.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата