Агим Красниќи избега од затворот во Штип

Од:

Агим Красниќи избегал од штипскиот затвор, односно бил пуштен дома за време на викендот, но не се вратил назад, потврди за „А1он“ директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров.

За ова се известени надлежните институции, односно МВР и судот.

„Беше пуштен за време на викендот. Неколку години веќе го пуштаме за викенди и за годишни одмори, секогаш се враќал на отслужување на казната. Но, по овој завршен викенд, тој не се врати во затворот. Вчера телефонски ги известивме надлежните институции, а денеска и писмено“, вели Тодоров.

Агим Красниќи и неговата седумчлена „кондовска“ група беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и за предизвикување неправилности на тогашните парламентарни избори, неовластено поседување оружје и злосторничко здружување.

Кондовската група доби вкупно 50 години затворска казна.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски