Пуштена е во употреба новата интернет страница на Агенцијата за разузнавање – www.ia.gov.mk или www.ia.mk
На новата интернет страница се содржани сите корисни информации за работата на Агенцијата за разузнавање и делокругот на нејзините надлежности.
– Преку интернет страницата на Агенцијата за разузнавање граѓаните на Република Македонија имаат можност да доставуваат информации, поврзани со било какви закани по националната безбедност и интересите на државата, стои во соопштението од АР.
Во следниот период, се најавува, на страницата ќе бидат продуцирани и нови содржини, како и аналитички информации, што ќе бидат од корист на научно-истражувачката заедница.
Целокупниот редизајн и техничката поддршка на новата новата интернет страница е продуцуран од тимот за информатички технологии на Агенцијата за Разузнавање.