Адвокатската фела во Охрид дискутираше за проблемите на одбраната во примената на ЗКП

Од:

Адвокати од членството на Адвокатската комора на Република Македонија, заедно со претставници на обвинителството, судии од основните и апелациските судови денеска во Охрид дискутираа за практичните проблеми што се јавуваат во примената на членовите на Законот за кривична постапка, особено како проблем на одбраната во судските процеси, како и за лошите или недоволно изречените решенија во самата легислатива.

Учесниците на настанот разговараа и по веќе изготвениот текст со измени и дополнувања на Законот за кривична постапка од страна на Министерството за правда.

Како што беше истакнато во диускусијата, интенција на Адвокатската комора е преку свои предлози, забелешки да придонесе за подобрување на тој текст, особено во насока на зајакнување односно, како што посочија, изедначување на статусот на одбраната во кривичната постапка.

Заменик-претседателот на Адвокатската комора на РМ, Јелена Ристиќ, оцени дека во предвечерието на донесувањето на новиот Закон за кривична постапка е мошне важно да се поразговара со останатите страни во судските процеси, од причина што синхронозирано функционирање на сите субјекти и страни во постапките зависи имплементацијата на самите измени на законските решенија.

-Ние во декември до ресорното Министерство ги доставивме нашите предлози, фокусирани пред се врз можностите за поефективна одбрана, фактичка, а не формална еднаквост на оружјето во процесите. Мошне е важно и изедначување на примената на одредени законски решенија, затоа што во пракса се соочувавме со неизедначена примена на законски решенија за идентични правни ситуации, што претставува потенцијал да задира директно во правната сигурност на граѓаните, истакна таа.

Ристиќ изрази задоволство од соработката со Министерството за правда, како и увереност дека забелешките на претставнциите на одбраната ќе бидат земени предвид, во интерес на изедначување на примената на одредени законски решенија, што во досегашната пракса не секогаш беше случај.

-Законскиот текст генерално добро ги поставува позициите на страните во судските процеси. Но, апсолутно се уште постои простор за изградба на реална еднаквост на оружјето со судницата, тоа да не биде само формално на хартија туку целосно имплементирано во судската пракса, истакна Ристиќ.

Како исклучително важни беа посочени барањето за заштита на законитоста што досега беше исклучиво во рацете на јавниот обвинител, отсега да биде достапно директно на обвинетиот и неговиот бранител, односно тоа барање одбраната да може директно и непосредно да го поднесува и до Врховниот суд.

-На обвинетиот мора од самиот почеток на процесот да му биде обезбедено право на рамноправност во процесот и на ефективна одбрана. Во тешки и сложени предмети на барање на одбраната Судот ќе решава колку ќе биде рокот за обжалување, зависно обемноста на материјалот. Генерално, ефективноста на одбраната, еднаквоста на странките во процесот, еднаквоста на оружјето меѓу странките е главна поента за сите предлози и забелешки. Доколку тие се прифатат, ќе добиеме многу подобар Закон за кривична постапка, во интерес на сите граѓани, посочи адвокатот Никола Додевски.

На средбата во Охрид беше презентирана публикацијата „Проблеми во примена на Законот за кривичната постапка од аспект на одбраната“ што претставува резиме на обуките одржани во рамки на проект на Адвокатската комора на Република Македонија поддржан од Амбасадата на САД.

Во текстот на публикацијата се посочени дискусиите и согледувањата на учесниците и на предавачите (и едните и другите адвокати на одбрана) од досегашната практична примена на Законот за кривична постапка и тоа пред сè од аспект на одбраната и можностите таа да биде ефикасна и од аспект на невоедначената практика и различниот третман на правните ситуации, но и воочување на одредени недостатоци на законското решение и проблеми во практичната примена.

Би можело да ве интересира

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Орце Костов

Двајца кинески адвокати кои бараа да се открие имотот на политичарите се осудени на затворски казни

Граѓани, адвокати и лекари од Велес заработуваат од оштети од каснување на куче, сомнежи дека е вмешана и општината

Орце Костов

Британските адвокати стапуваат во штрајк, со месеци наназад одбиват да преземат нови случаи

А1он

По едномесечен бојкот албанските адвокати излегуваат на протест

Белградските адвокати стапуваат во штрајк

А1он