Адвокатот Туфегџиќ: Боки 13 има метаплазија на желудник, се наоѓа во претканцерогена здравствена состојба

Од:

Здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки 13 е влошена. Ова за „А1он“ го потврдува неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Дека ова ќе се случи, имаше аларм од докторите специјалисти кои изготвија конзилијарни мислења во кои стоеше дека затвореникот е невозможно да се третира во затворски услови. Директорот за извршување санкции, Марјан Спасовски, одлучи според мислењето домскиот лекар од примарно здравство Јулијана Ангелова, наспроти тврдењата од специјалистите од терциријарното здравство. Адвокатот Туфегџиќ посочи дека болеста на Јовановски-Боки 13 прогресирала, па од бенигна, сега е интестијална метаплазија. Тој реагира и на ставовите изразени од директорот за санкции, Марјан Спасовски во интервјуто за „А1он“.

„Имајќи предвид дека се работи за изнесување на податоци кои се под режим на заштита, со претходна согласност на осуденото лице, здравствената состојба на Бојан Јовановски според последните хистопатолошки наоди се влошува и има животнозагрозувачки карактер. Имено, според медицинско стручно конзилијарно мислење од 29 декември на лекарите специјалисти од ЈЗУ УК Св.Наум Охридски поточно, според хистопатолошкиот наод е констатирано преоѓање на болеста од бенигна болест во интестијална метаплазија. Интестијална метаплазија е промена која е директно поврзана со настанување на карцином на желудник и пациентот се наоѓа во преткарциномна состојба Ваквите наоди се потврдени со специјалистички конзилијарен преглед извршен по барање на Основниот кривичен суд Скопје на ден 03 јануари оваа година. Во сите медицински стручно конзилијарни мислења е наведено дека осуденото лице не може да продолжи да се лекува во пенални услови поради животнозагрозувачкиот карактер на болеста а заради испешно санирање на здравствената состојба, мора да се придржува кон строгиот препорачан хигиено диетски режим на исхрана и препорачана терапија во домашни услови. За сето погоренаведено е навремено известен и запознат надлежниот судија во Основниот кривичен суд Скопје пред кој се води постапката за прекин на издржување на казната“, посочува адвокатот Туфегџиќ за „А1он“.

Тој е изненаден и зачуден од ставовите на Марјан Спасовски кои ги искажа во интервјуто за „А1он“, а каде ја оценува состојбата на затвореникот Јовановски-Боки 13.

„Врз основа на сето погоренаведено и сериозноста на здравствената состојба на осуденото лице според последните медицински наоди и мислења, како адвокат на Бојан Јовановски изненаден сум и зачуден од контрадикторноста, паушалните оценки и леснотијата во констатациите по однос на ова прашање дадени во изјавата на Директорот за извршување на санции во интервју за вашиот медиум. Особено сум изненаден од изнесените наводи кои значат согласување, подршка и одбрана на фактите за привилегиран статус на одредени осуденици познати во јавноста во споредба со односот на Бојан Јовановски“, додава Туфегџуќ.

Во интервјуто за „А1он“, директорот Спасовски посочи дека Јовановски треба да се лекува во болница, а потоа да се врати во затвор наместо на домашно лекување како што стриктно посочуваат докторите специјалисти бидејќи во спротивно влошувањето на здравјето може да доведе и до смрт. Спасовски и самиот посочи дека во моментот кога Јовановски се лекувал во болница, а увид во неговата состојба немал домскиот лекар, тој верувал на мислењето кое таа го дала.

Би можело да ве интересира

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески