(ВИДЕО) Адвокатот на Мијалков: Оваа пресуда ќе ја доживее судбината на претходната пресуда

Од:

Љупчо Шврговски адвокат на Сашо Мијалков, по новата осудителна пресуда за неговиот клиент со казна затвор од 2 години предвиде дека ќе ја доживее истата судбина како претходната која беше укината од апелација.

Тој смета дека не се испочитувани ниту едно од напатствијата дадени од повисокиот суд. а кои беа причина предметот да се врати на ново судење.

„Законот вика дека одлуката на управниот суд правосилната одлука има сила на закон. Како може вие со обвинение да дирогирате одлука на Управен суд, а притоа не сте докажале надвор од разумно сомнение дека одлуката на Управниот суд е сторена со кривично дело од страна на судиите кој што одлучуваат.

Ако ја следите хронологијата на настаните ќе видите дека до сега ниту едно единствено рочиште не е одложено по барање на одбраната или одбраната била причина или обвинетите за одлагање на овој предмет. Видете во колку наврати овој предмет е одлаган по 3-4 месеци и од кого е одлаган, дали одбраната е виновна за тоа или некој друг. Сепак ќе треба судскиот совет да го разгледа овој предмет за да види која е причината што овој предмет трае толку долго.

Затоа тоа е надвор од памет дека ние сакаме или купуваме време. Тука нема дело. Самата пресуда на Аплеациониот суд јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите“, вели Шврговски.

Сашо Мијалков е осуден на две годишна затворска казна од страна на кривичнот суд на која обвинитеството нема да се жали.

Оваа казна е за една година помала од претходно изречената.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бубевски нема да се жали на казните за Мијлаков и Тачи, за Апелација да одлучи до април, а делото на ексдиректорот на УБК да не застари

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Титаник 2“: Мијалков, Тачи и сите обвинети добија по две години затвор за изборните нерегуларности

Кристијан Ландов

В понеделник пресуда за „Титаник 2“, Мијалков: Апсолутно не се чувствувам виновен

Кристијан Ландов

„Титаник 2“: Сите ексчленови на ДИК негираат дека се виновни, дел се гордеат со нивното постапување

Кристијан Ландов

Тачи бара ослободителна за изборните нерегуларности, „бомбите“ ги нарекува кафеански муабети

Кристијан Ландов

Бубевски: Умислата е причина за Тачи да биде построго казнет, за Мијалков е побудата поради која го сторил делото

Кристијан Ландов