Адвокатот на Груби вели: Нема основи на сомневање на сторено кривично дело

Од:

Бранителот на Артан Груби, адвокатот Владимир Доневски, во соопштение до медиумите информира дека, по утврдување на она со кое досега судот располага и анализа на аргументите на јавното обвинителство, според нив нема основи на сомневање на сторено кривично дело предвидено со закон.

– Одбраната и сите аргументи ќе бидат изложени во рамки на законски предвидената постапка, се со цел да биде убеден и судот и јавниот обвинител дека нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува Артан Груби, се вели во соопштението од неговата обрана.

Одбраната на Груби, исто така, посочува дека не излегле во јавност бидејќи одбраната и гонењето на осомничениот се води во судска постапка, а не преку медиуми.

– Се надеваме дека сите учесници во оваа кривична постапка ќе останат имуни на очигледната политизација на процесот и ќе ја задржат непристрасноста и независноста и одлуките ќе ги носат, како и ние, врз основа на јасни правни аргументи, се вели во соопштението.

Со оглед дека судењата се јавни, медиумите и целокупната јавност, се посочува во соопштението, ќе можат да го следат процесот и сами да донесат заклучок дали постојат докази за утврдување на вина кај Артан Груби.

Би можело да ве интересира

Со испитување на вештото лице Анита Поповска, продолжи судењето за „Државна лотарија“

Продолжува судскиот процес за „Државна лотарија“

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите