Адвокатот на експремиерот: Ве молам судија да не се одржи утре судењето за Груевски

Од:

Адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски, Димитар Дангов, побара од судијката што го води предметот „Тенк“ утре да не се одржи рочиште. Според адвокатот, било нечовечки Груевски во шест дена секој ден да се појавува на судењата што се водат против него.

„Ве молам, судија, да не се одржи утре судењето за Груевски. Тој е оптоварен со нечовечко барање во 6 дена секој ден да има рочиште“, побара Дангов од судијката Добрила Кацарска. Адвокатот бара утре да се одложи судењето за „Тенк“ за Груевски да се спремел за рочиштето за „Траекторија“, кое е закажано в среда. Судијката рече обвинетите да бараат одложување кај судијата што го води другиот предмет. „Колега, да не се убедуваме. Ве сослушав. Имам и други предмети за судење. Рочиштата се однапред закажани со ваша согласноат“, му рече судијката на адвокатот.

По ова, тој повторно ја замоли судијката рочиштето да биде одложено. Судот на адвокатите на обвинетите им ги одби сите 5 приговори. Тие нема да ги добијат бомбите на цедиња, кои може да ги слушаат во судот. Исто така, бомбите и натаму ќе бидат доказ во постапката, а одбиен е и приговор за вештачењата. Судот прифати утре да нема рочиште иако беше закажано и следното рочиште за „Тенк“ да биде в петок.

В. М.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ