Адвокатот Миланов нема да го брани Груевски во „ТНТ“

Од:

Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапуваше експремиерот Никола Груевски во предметот „ТНТ”, вчера поднел барање дека му го откажува полномошното да го застапува пред судот.

Судијата, Огнен Ставрев соопшти дека Груевски ќе го брани Мехмед Сефери, адвокат кој судот му го додели по службена должност. На Груевски во овој предмет, како и во останатите на СЈО, му се суди во отсуство.

На денешното рочиште треба да сведочат четворица сведоци, меѓу кои и синот на бизнисменот и сопственик на комплексот „Космос”, Фијат Цаноски, Сефер. Предметот е во фаза на доказна постапка и судот ги сослушува последните сведоци на СЈО.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно