• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

Aдвокатот говорел македонски, ама бара сите списи да му бидат преведени на албански во „ТНТ“

by Васко Маглешов18/11/2019 - 14:5118/11/2019 - 14:521255
Share0

Мерџан Даути, новиот адвокат на обвинетата Елисавета Најдовска во предметот „ТНТ“, со писмо до медиумите извести дека бил ангажиран како бранител, откако претходниот адвокат Димитар Дангов го откажал полнмошното.

Добивај вести на вибер

Тој побара од судот да му бидат преведени сите спсиси и доказен материјал на албански јазик, иако на рочиштето од шести ноември говорел на македонски.

„На ден 4.11.2019 година доставив поднесок на македонски и на албански јазик, со кој го известив судот за ангажирање на нов бранител на лицето Елисавета Најдовска, со барање за увид во списите на предметот и фотокопирање на истите списи и докази со превод на албански јазик“, напиша Даути.

„За одржувањето на рочиштето побарав симултан превод, но рочиштето се одложи за 19.11.2019 година поради немање услови. Претходно, на ден 6.11.2019 година на расправата говорев на македонски јазик. Следниот ден, на 7.11 2019 година забележав дека нема превод на албански јазик на доказниот материјал, па морав да го напуштам увидот само поради фактот дека доказниот материјал е обемен, но и без превод на албански јазик“, појасни Даути во писмото до јавноста.

Според членот 12 од Законот за адвокатура, адвокатот за да добие лиценца и да се впише во именикот на адвокати, меѓу другото, мора да го познава македонскиот јазик.

Судењето за „Т.Н.Т” започна на 24 јануари 2018 година. Обвинети се 7 лица, меѓу кои, и бегалецот Никола Груевски.

nikola gruevskitnt

Би можело да ве интересира

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 22:0405/12/2025 - 22:05

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Катерина Ѓуровски04/12/2025 - 10:41

ВИДЕО: Власта и опозицијата се раскараа за екстрадицијата на Груевски на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски27/11/2025 - 13:5227/11/2025 - 13:57

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

Катерина Ѓуровски04/09/2025 - 14:06

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски26/11/2024 - 09:3526/11/2024 - 10:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен