Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Од:

Адвокатот Фадил Џелили, кого Владата го именуваше за повереник и прв човек на општина Гостивар, попладнево влезе во градоначалничкиот кабинет. Тој кажа дека го добил официјалното решение од Владата ќе ги врши работите од надлежност на градоначалникот на Општина Гостивар. Тој кажа дека постои можност да биде кандидат на повторните избори закажани за 11 јануари и да биде поддржан од коалицијата ВРЕДИ.

Во кусата изјава посочи дека е делегиран во многу тешки услови, но како што нагласи, ќе се обиде да ја обезбеди функционалноста на локалната самоуправа и нејзиното работење.

– Ќе се трудам да се обезбеди функционалноста на општината и да продолжи со делување, да нема застој, а со цел да се спроведат и обврските кои ги има општината спрема граѓаните до закажаните избори на 11 јануари, рече Џелили.

Тој напомна дека наредна недела ќе има прес-конференција и обраќање во кое ќе каже повеќе, а засега како што напомна му е потребно да се запознае со состојбата во локалната самоуправа.

На новинарско прашање дали ќе биде кандидат за градоначалник на општина Гостивар на повторните изборите во јануари, тој најави можност, но потенцира дека тоа ќе биде одлука на коалициските партнери во ВРЕДИ.

Фадил Џелили во вторникот беше именуван за владин повереник во Гостивар до избор на нов градоначалник, откако претходните избори не успеаја заради недоволна излезност на гласачите.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Пораката од Стразбур е јасна – Македонија припаѓа во ЕУ

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски

ВЛЕН: Поддршката за бизнисите, мотор на економскиот раст и создавањето на нови работни места

ВЛЕН: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

Горан Наумовски

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово?

ВЛЕН: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик

Горан Наумовски