Откако судот ги одби сите барања за произнесување на одбраната во ТНТ, адвокатот Мерџан Даути со соопштение до јавноста бара да се да превземат соодветни мерки со цел владеење на законите во Република Северна Македонија и водење на судски постапки согласно позитивните законски прописи.
„Како што најавив дека обвинителот Бурим Рустеми денеска на главна расправа на ден 16.11.2021 година, на судскиот случај познат за јавноста ТНТ се произјасни во врска со доказите на одбраната и не даде согласност за да се прочитаат доказите на одбраната. Иако се уште не се прочитани и изведени доказите н предложени од стана на поранешната СЈО.
Во оваа прилика сакам да Ве информирам и да ги повикам надлежните институции да превземат соодветни чекори со цел почитување на законите во Република Северна Македонија.
Имено, Јавниот обвинител ме информираше претходно дека предметот ТНТ како и другите предмети кои ги застапува пред Основниот кривичен суд имал договор со судот да завршат до крајот на година т.е најкасно до 15.12.2021 година.
Успеал, му честитаме. Се поставува прашањето каде е тука еднаквоста на оружјата кога претходно обвинителството и судот договараат што треба да се случи на главна расправа.
Согласно горенаведото Ве молам итно да превземете соодветни мерки со цел владеење на законите во Република Северна Македонија и водење на судски постапки согласно позитивните законски прописи“, наведува Даути во своето соопштение до јавноста.