Адвокатите на обвинетите за убиството на Саздовски со забелешки за доказите на јавното обвинителство

Од:

Во Кривичниот суд денеска со изведување на материјални докази продолжи судење за смртта на 20-годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски.

Обвинителот, Анел Фидовски од Јавното обвинителство како докази ги изведе извештајот и анализата од Крим-техника, извештај од вештачење, анализа од траг од биолошко потекло, извештај од дактилографска анализа, документација од патничко моторно возило „мерцедес“ со кое обвинетите пристигнале на местото каде што бил претепан Саздовски, психијатриско вештачење, вештачење од Институт за судска медицина и криминалистика, писмен извештај за извршена обдукција и ЦД со видео запис од автомобилот и препознавање на обвинетите.

Адвокатите на обвинетите, Бесир Беља и Скендер Демири, Насер Рауфи и Асмир Алиспахиќ, имаа забелешки на изведените материјални докази од страна на јавниот обвинител во поглед на видео записите од доставеното ЦД. Нивната забелешка беше во поглед на начинот на кој овој доказ беше изнесен пред судот, односно дека видео запис не може да биде изнесен со говор.

Адвокатот на семејството на Никола Саздовски, Ванчо Шехтански побара од судот да обезбеди докази од одделението за дигитална форензика на МВР, да се издадат посебни електронски истражни мерки на компјутерскиот систем и телефоните на Никола Саздовски и обвинетите Бесир Беља, Скендер Демири, како и на Јетон Љужа, кој во моментов е во бегство.

Судот даде петнаесетминутна пауза по што ќе одлучи дали ќе го уважи ова барање на адвокатот Шехтански.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on