ВИДЕО: Адвокатите на обвинетите во „Титаник“ бараат разрешување на поротничката

Од:

Се уште незапочнато, судењето за „Титаник“ е закочено, а повторно поради судијата поротник чиј мандат е истечен, но тоа не е констатирано од Судскиот совет. Адвокатот Дончо Наков веднаш откако се утврди кои се е присутен во судницата, побара да се реши ова прашање.

Судијата Осман Шабани му предочи на адвокатот дека бил телефонски известен од страна на Судскиот совет дека на вчерашната седница судијката-поротник Лилјана Ивановска-Кочковска не била разрешена од функцијата, односно дека не е отпочната постапката, што значи дека нема пречки рочиштето да се одржи.

„Читајќи го писмово никаде не сфатив дека претседателот Џолев бара престанок, туку вика дека ‘Доколку Судскиот совет не одлучи да се разреши судијата поротник, го замолувам да отпочне постапка’, што значи не отпочнал. Ова не е предлог иницијатива за разрешување“, рече судијата Шабани и дополни „Дали јас се согласувам или не тоа е друго“.

Адвокатот Наков вели дека предметот „Титаник“ не бил споменат во писмото кое Џолев го испрати до Судскиот совет.

Во предметот „Титаник“ и при разрешување на поротничката, има резервни поротници.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот го отвори СЈО, за потоа да го преземе државното Јавно обвинителство, а случајот повторно беше распределен кај јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески