(ВИДЕО) Адвокатите ќе се жалат за висината на казната за македонските војници во ИСИС

Од:

Адвокатот Сашко Христовски Липски бранител на еден од седумте македонски војници на ИСИС по изрекувањето на пресудата истакна дека висината на затворската казна е превисока за кривичното дело кое го сториле и дека за истата ќе биде упатена жалба до Апелацискиот суд.

– Овие луѓе биле ранети во Сирија, повеќе од 1 година престојувале во воени затвори, тоа е казната за нив, оваа казна што денеска беше изречена е превисока, вели Липски.

Бранителот Љупчо Веселиновски исто така смета дека изречената казна затвор од 6 години е превисока како и дека во одлуката треба да им се смета и притворот кои го одлежале во воените затвори во Сирија.

– Според меѓународното право притворот од повеќе од 1 година во Сирија треба да им се смета во висината на казната. За одлуката ќе поднесеме жалба до Апелацискиот ауд, реч Веселиновски.

По признавање на кривичното дело „Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и терористичка организација“ Кривичниот суд на обвинетите Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски им одреди затворска казна од 6 години додека пак обвинетиот Сафет Рамадани кој ги организирал овие македонски државјани да заминат во Сирија доби затворска казна од 9 години.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад