Адмирал Бурк: Разгледуваме неколку опции за да се олесни процесот за обезбедување вакцини

Од:

Прашањето за можноста НАТО да придонесе за обезбедување вакцини е нешто за што лидерството на Алијансата размислува за администрирање со вакцините во различни земји. За ова зборуваме често и на политичко и на воено ниво, има повеќе механизми што постојат покрај националните напори, изјави командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк.

Тој зборуваше на прес-конференцијата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на која беше прашан дали постои начин НАТО да се приклучи во обезбедување вакцини за Ковид-19 за нашата земја.

– Сметам дека веќе бројот на одобрени вакцини се повеќе се зголемува. Минатата недела беа одобрени дополнителни, а можностите за произведување исто така се зголемуваат, така што се зголемува и можоста за производство на се повеќе вакцини и ќе имаме можност да помогнеме да се олесни овој процес. Разгледуваме неколку опции, незнам која ќе биде избрана, но се работи динамично на тоа бидејќи ја разбираме ситуацијата на сите земји, а и сфаќаме колку е тоа важно за вас, изјави адмиралот Бурк, кој е во официјална посета на нашата држава по повод одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во Алијансата и затворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени