Адмирал Брун-Хансен се сретна со началникот на ГШ Ѓурчиновски и министерката за одбрана Шекеринска

Од:

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Норвешка, адмирал Хакон Брун-Хансен денеска престојуваше во Министерството за одбрана каде се сретна со неговиот домаќин началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

На средбата со министерката Шекеринска, информираат од Министерството за одбрана, била искажана подготвеност од норвешка страна за споделување на нивното искуство и поддршка на нашата земја во прилагодувањето на стандардите на НАТО и вкупната транзиција кон Алијансата.

Министерката Шекеринска се заблагодари за ратификацијата од страна на Норвешка на приемниот протокол на нашата земја во НАТО како и за досегашната поддршка, и изрази увереност дека истата ќе зајакне и ќе се продлабочи. Беше заклучено дека регионалната соработка е важен инструмент во создавањето на стабилност и меѓусебно разбирање на земјите. Во таа насока беше подвлечено дека членството во НАТО ја јакне регионалната соработка при што соработката на скандинавските земји беше наведена како еден од најуспешните примери во светот, се наведува во соопштението на Министерството.

За време на официјалниот состанок, генералот Ѓурчиновски искажал благодарност за досегашната соработка и континуираната подршка од страна на норвешката армија и притоа изразил надеж за проширување на досегашната соработка и изнаоѓање на нови облици на соработка во понатамошниот период.

Адмиралот Брун-Хансен, досегашната долгогодишна соработка со нашата армија ја оценил како значајна, по што искажал уверување дека со нашето скорешно полноправно членство во НАТО ќе се унапредат и облиците на билатералната воена соработка.

– За време на состанокот, делегацијата од Кралството Норвешка, беше запознаена со процесот на трансформацијата на Армијата, Учеството во мировните операции, користење на капацитетите на АП Криволак за вежбовни активности, а се разговараше и за можностите за унапредувањето на билатералната соработка помеѓу двете армии, се додава во соопштението.

Адмиралот Брун-Хансен која ја предводи делегацијата на Вооружените сили на Норвешка во дводневнатофицијална посета на земјава, за време на престојот, ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски и ќе посети дел од командите и единиците на Армијата стационирани во касарната Илинден, меѓу кои и Балканските наменски едицински сили, каде ќе се запознае со нивната мисијата и задачи.

Армијата на Република Северна Македонија има развиено многу добра соработка со Вооружениет сили на Норвешка, која пред се е значајна од учеството на наш медицински хируршки тим, кој учествуваше во рамките на норвешката полска болница од 2008 до 2012 година во Мејмана, Авганистан. Кралството Норвешка ја донираше Лесната маневарска полска болница која е во состав на нашата Армија, софистицирана опрема за заштита на телекомуникациските врски, медицински материјал и компјутерска опрема, како и менторирање и финансиска поддршка на проектот ,,Лепеза“ и Регионалниот центар за односи со јавност, се додава во соопштението на Министерството

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шекеринска: Без Договорот од Преспа, нема членство во НАТО

Предраг Петровиќ

Шекеринска: Од 1 март дополнителни 7.000 денари за сите припадници на Армијата

ВИДЕО: Средба на министерката Шекеринска со војвотката Кејт Мидлтон

Ана Ололовска

Шекеринска очекува да одговараат сите кои учествувале во изборни кражби и нерегуларности

Ана Ололовска

Нова бомба од Ел Чека: Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

Татјана Ташкова

Шекеринска: Секој што е вмешан ќе одговара, нема политичка заштита за никого

А1он