Административците од општина Охрид засега остануваат во Косел

Од:

Вработените во локалната администрација при Општина Охрид кои со одлука на локалната власт беа префрлени на работни места во зградата во Косел засега остануваат таму, а извештаите од сработеното ќе ја покажат оправданоста на таквата одлука.

Одговорајќи ја советнички прашања за ефектот на досегашното функционирање на општинското одделние во Косел, градоначалникот Никола Бакрачески појасни дека во наредниот период ќе биде спроведена анализа на работењето на дисперзираната самоуправа, а дополнително ќе се решава што понатаму со неколкумината вработени.

– Целта на преместувањето на дел од вработените во Косел беше да се воспостави подобра комуникација меѓу жителите и надлежните служби при локалната самоуправа. Откако ќе ги разгледаме извештаите од сработеното ќе донесеме одлука дали вработените ќе се вратат во зградата во Охрид или ќе продолжат обврските да ги извршуваат во Косел. Потоа ќе се одлучува и околу општинската зграда во селото, рече Бакрачески.

Дел од вработените во локалната самоуправа на почеткот на тековната година беа префрлени на работа во општинската зграда во Косел, со образложение дека се работи за потреба на локалното население во тој дел од општината.

Опозициските советници одлуката ја протолкуваа како реваншизам врз вработени од претходната владејачка гарнитура во општинската администрација.

Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески тогаш појасни дека целта на префрлањето на дел од администрацијата била истата да се доближидо жителите на Косел и околината и да се овозможи нивна секојдневна комуникација со надлежните служби при локалната самоуправа, нагласувајќи дека немало ништо тенденциозно при донесувањето на одлуката. Тој изрази уверување дека реформата ќе биде добро прифатена од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство