Во понеделник на тапет на лустраторите ќе биде и професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски.
Како што објави поратлот „Либертас“, веднаш по настапот на Фрчкоски пред Уставниот суд и жестоките критики за неуставноста на Законот за лустрација, Комисија веднаш го стави на дневен ред за седницата во понеделник.
„Оваа трагикомедија на осветољубовост на ДПМНЕ и неговите инсталации според експертите говори само за едно: политичарите и интелектуалците кои ја создадоа независната македонска држава, ДПМНЕ сака административно да ги елиминира или барем да ги повреди и обележи“, пишува порталот „Либертас“.