Аџиев: Немам никакви документи кај мене

Од:

Комисијата за лустрација, донесе решение според кое актуелен член на општински совет на Куманово, од редовите на владеачката пртија бил кодош.

Во Комисијата се договориле и да не се објавуваат документи од надлежните служби.

Во врска со денешната најава од страна на Владимир Милчин, , дека ќе поднесе тужба против Комисијата и кривична пријава против Томе Аџиев, претседателот на Комисијата, одговори дека тој треба сега да ги докаже своите тврдења пред Управниот суд.

„Јас немам никакви документи кај мене, сè што постои е во документацијата, а сè што битно за решението е објавено“, изјави Аџиев.

За обвинувањата од Милчин дека е послушник, Аџиев потенцира дека тој е само еден глас во Комисијата и нема никакво поголемо влијание од кој било друг член.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска