Аџиев мирно спие, не знае што е тоа полициско досие

Од:

Првиот лустратор, Томе Аџиев негира дека лустрациската комисија е продолжена рака на власта, вели не се користи за политичка пресметка со опозицијата.

„Токму тие кои ја критикуваат лустрацијата веројатно се плашат да не бидат и самите лустрирани. Јас не реков дека се кодоши туку прашав да не се уплашил некој. Мене ми беше многу симптоматично што името на Славко Јаневски излезе токму од кај нив“, вели Аџиев во интервју за balkan insight.

Аџиев им посочил да престанат да го штитат делото на Славко Јаневски бидејќи тие не го ценат неговото дело.

Аџиев не отфрла можност дека се можни грешки при лустрирањето, но тој не се плаши и спие мирно.

„Немам никаков страв. Полициско досие имам првпат допрено пред пет години кога дојдов во комисијата. Нити знам што е тоа, ниту ме интересира.

– Отсекогаш сум бил алергичен на тие служби. Јас работам по Закон. Доколку ние не го спроведуваме законот, доколку сме нашле дека некое лице е соработник, а не сме го прогласиле, тогаш нормално дека ни следи конфликт со тој закон. Јас колку можам се трудам да не згрешиме. Сепак грешки се можни, но ви гарантирам дека тоа нема да бидат намерни грешки“, вели Аџиев.

Аџиев вели дека за него е многу симптоматично членувањето на Чедомир Дамјановски и не знае што бара, како што вели, тоа лице во оваа комисијaта.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска