Аџиев: Критикувањето доаѓа од организирани центри

Од:

Критикувањето и попречувањето на работата на лустраторите доаѓаат од организирани центри кои имаат цел да заштитат една лажна елита која во минатото е создадена со лажење и кодошење.

Вака првиот човек на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев ги коментира последните случувања од процесот на лустрација.

„Само би им препорачал. Нека не бидат со двојни гледања. Од една страна Комисијата ја “бомбардираат” со анонимни барања, посочувајќи нивни членови да бидат “лустрирани”, а од друга страна јавно искажуваат сосема поинакви ставови“, рече Аџиев за 24 Вести.

Време е да се диференцираат и гласно да си го исчистат, најпрво својот двор, а потоа и се друго што следи. На тој начин ќе се врати довербата во овие институции и личности. Јас мислам дека сите во државата сме согласни дека кодошењето е лоша работа и “кодошите” треба да се етикетираат“, вели Аџиев.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска