Адеми: Законот за планински патеки ќе го унапреди планинарскиот туризам

Од:

Законот за планински патеки ќе создаде услови за развој и унапредување на планинарскиот туризам во Македонија, преку создавање безбедни услови за користење на планинарските патеки. Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми  во своето обраќање пред учесниците на првата јавна расправа за Предлог законот за планински патеки.

– Со донесување на Законот ќе се утврдат условите и начинот на уредување на планинските патеки, нивното одржување, класификација и категоризација, како и други прашања значајни за нивно користење. На тој начин ќе се постигне и поголема заштита на природата и спречување на негативните последици врз биодиверзитетот, рече Адеми.

Законот за планински патеки рече министерот, има  цел да обезбеди одржливо користење на природно богатство во интерес на сегашните и идните генерации, без значително оштетување на деловите на природата и нарушувања на природната рамнотежа. Со Законот ќе се спречат негативни активности на физички лица и нарушувања во природата како последица на користење на природното богатство

На расправата која ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Агенцијата за промоција и поддршка во туризмот во Македонија, од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и други кои се дел од изработката на Предлог законот.

Претставник од планинарско друштво во своето излагање имаше забелешка за Законот за кој вели дека никаде во него не се спомнува за безбедноста во планините како и за туристичката понуда која не е застапена во ниедна точка. Имаше предлози за вметнување на точки во Законот  за задолжително поставување на информативни табли и мапи  за полесно снаоѓање на планинарите, како и забелешка за членот 22 во кој има само четири ставки кои се однесуваат за  планинарските водичи, кои пак не се доволни.

Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, Јовица Угриновски ја поздрави иницијативата за донесување на ваков Закон за кој кажа дека е одличен, концизен и дека може веднаш да се преимени.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ