Адеми: Варварското однесување на поединци е атак на сите нас

Од:

Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми во пишана изјава за медиумите истакнува дека нападот на Собранието е неразумен и недемократски чин и порачува дека дијалогот, разумот и компромисот се основните столбови на кои почива демократијата.

– Нападот на Собранието на Репубика Македонија на 27. април, или нападот на темелот на нашата државност, сметам дека е непримерен, нечовечки и крајно деструктивен и може слободно да се окарактеризира како неразумен и недемократски чин. Чин што остава длабоки траги врз нашата држава и нејзините институции, но и лузни во сеќавањата на сите директни сведоци, како и оние кои ги следеа овие драматичкни настани, се вели во изјавата на Адеми.

Варварското однесување на поединци, атакот врз слободата и демократските принципи и процедури, па дури и врз животите на поединци, се додава, е атак на сите нас.

– Силно се солидаризирам и сочувтвувам со сите повредени и им посакувам брзо заздравување. Моментите се такви да бараат смиреност, трезвеност и ладни глави. Македонија и сите ние заедно, живееме историски моменти кога се потребни и неопходни историски одлуки. Не брзоплети и не било какви одлуки, туку вистински одлуки. Одлуки кои ќе обезбедат сигурност за сите граѓани, одлуки кои ќе го вратат разумот и ќе ја отворат перспективата за надминување на ризиците со кои сме соочени, се посочува во изјавата.

Силно ја поздравувам, се потенцира, реакцијата на нашите меѓународни стратешки партнери и пријатели.

– Тие ни го покажуваат единствениот пат за излез од оваа длабока криза. Патот е само преку почитување на демократските принципи, низ демократските институции и со целосна одговорност на сите политичари за сите преземни чекори и донесени одлуки. Сите сме исправени пред судот на историјата. Историјата е непогрешлив судија. Го поздравувам изборот на новиот Претседател на македонското Собрание и му посакувам успешна работа и разумни одлуки во смирена атмосфера. Ние како политичари и институциите со кои раководиме, сме должни да му ја дадеме неопходната подршка, се вели во изјавата од Адеми и се потенцира дека евроатлантската ориентација и натаму останува стратешка цел.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски