Адеми: Со проектот „Заедно градиме мостови“ учениците подобро ќе се запознаат меѓу себе

Од:

Учениците од различни етнички заедници преку проектот „Заедно градиме мостови“ подобро ќе се запознаат меѓу себе, а тоа ќе придонесе да градиме и поздрава иднина во Република Македонија, изјави денеска министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Тој им се заблагодари на партнерите во проектот, кој е во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а на училиштата вклучени во него им посака натамошни успеси и активно да работат на вакви проекти без разлика дали имаат обезбедено финансиски средства од надвор или други фондации.

– На училиштата тоа треба да им биде секојдневна активност затоа што образованието како област е многу битна и е област во која може да се креира и позитивен амбиент во општеството и да се создава кадри кои во иднина ќе раководат со државата, рече Адеми.

Учениците, кои се корисници на грантовите од фондот „Градиме мостови“ денеска во Универзалната сала се претставија со песни, театарски претстави и танцување.

Фондот „Градиме мостови“ е заедничка иницијатива на Министерството за образование и наука, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Фондот нуди грантови на училиштата, учениците и професорите за заеднички активности меѓу различните заедници.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе достават писмо до Ректоратот на факултетите во врска со полагањето на екстерниот испит за студентите, министерот за образование рече дека засега ги разгледуваат сите опции и искуствата од другите држави, но и ги анализираме досегашните дебати.

–  Засега ги разгледуваме сите опции и искуствата од другите држави ги примаме и забелешките и размислувањата од сите засегнати страни, но и ги анализираме досегашните дебати. Ќе продолжиме и понатаму со дебати и на крај кога ќе имаме некој конечен документ ќе го споделиме со универзитетите, со студентите и со јавноста. Каква одлука и да донесеме секако дека ќе биде заедничка одлука, но тоа нема да значи дека секогаш ќе се согласуваме со сите засегнати страни затоа што МОН и Владата мора да ги имаат сите аспекти кога се носи една одлука, а другите засегнати страни секогаш ги презентираат интересите на нивната група, односно согледувањата од нивен интерес, истакна Адеми.

Во контекст на тоа додаде дека искуствата се црпат од речиси сите земји-членки на ЕУ, бидејќи во сите има таква надворешна евалуација, но концептот е различен. – Ние не можеме да преземе буквално се од една држава, ќе се обидеме да го имплементираме во Македонија. Кој модел и да биде избран, тој ќе мора да се преадаптира за наши услови, рече министерот Адеми.

Во врска со ненаменско трошење на парите во образованието од страна на кичевската локална самоуправа, тој одговори дека не се утврдило оти ненаменски се трошени парите.

– Не се утврди дека ненаменски ги троши парите. Секако дека според Законот за финансирање на локалната самоуправа ние имаме право да вршиме надзор и контрола како се трошат парите, но сега засега не е утврдена и не знам од каде е таа информација за ненаменско трошење на парите, додаде Адеми.

На прашање за книгата Граѓанско образование за осмо одделение, Адеми нагласи дека, не само тој текст, туку има и други текстови кои се спорни за кои во јавноста има реакции.

– Јас веќе формирав работна група која ги согледува тие текстови и понатаму доколку според Законот констатирам дека текстовите се контроверзни ќе се формира комисија која одлучува понатаму да се повлечат или да имаме нова постапка за нов текст. Сега засега ги разгледувам, истакна министерот за образование.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот