Адеми и Шалваринов во посета на Германија и Австрија

Од:

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, во придружба од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, од 1 до 5 септември ќе престојуваат на работна посета на Сојузна Република Германија и Република Австрија.

Како што соопшти кабинетот на Адеми, по покана од претседателот на Сенатот и градоначалник на Бремен, Карстен Силинг, делегацијата на 2 и 3 септември ќе учествува на отворањето на еден од поважните настани за градот Бремен, „Недела на интеграција“, посветена на сите граѓани на Бремен кои се дојдени од други земји, а живеат и работат во Бремен, меѓу нив и наши сонародници по потекло од Република Македонија. Оваа манифестација се одржува под покровителство на градоначалникот на Бремен.

За време на посета во Германија и Австрија, делегацијата од Република Македонија, предводена од министерот Едмонд Адеми, ќе се сретне и со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората по потекло од Република Македонија во Берлин, Бремен и Хамбург, СР Германија и во Виена, Австрија.

Воедно, министерот Адеми со делегацијата, покрај средбите со претставниците на дијаспората, во Берлин, на 4-ти септември, ќе има средби и со група пратеници од Германскиот Буденстаг.

На 5-ти септември во Виена министерот Адеми ќе има средби со претставници на Македонската црковна заедница во Виена, како и со организации и здруженија на дијаспората по потекло од Република Македонија, соопшти Кабинетот на министерот Адеми.

Би можело да ве интересира

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески

Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

А1он

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб и Барди со Трабзонспор, во „лов“ на Лигата на шампионите

Динамо Загреб на Аријан Адеми пријави четворица позитивни на Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Адеми бара настава со физичко присуство, онлајн настава ќе дозволи само ако биде принуден

Кристијан Ландов