Адеми: Нема потреба од штрајк, подготвени сме за разговори со СОНК

Од:

Министерот за образование и наука Арбер Адеми смета дека нема причина во понеделник на 2 септември да се одрижи најавениот предупредувачки штрајк на СОНК и вели дека би сакал синикатот да се откаже од намерата.

– Би сакал да се откажат од најавениот предупредувачки штрајк, бидејќи навистина нема причина за тоа. Штрајк се организира кога нема решение, а ние нудиме решение – зголемување на платата за пет проценти во 2018 година и пет проценти 2019 година. Ќе има и идно покачување на платите во дејноста образование, но колку ќе биде и од кога не можам сега да кажам, бидејќи ги немаме разгледано сите параметри и ја немаме јасната слика од обврските што сме ги презеле како држава за следната година. Кога ќе бидат јасни податоците тогаш благовемено ќе излеземе и ќе кажеме колкаво ќе биде следното покачување на платите, изјави министерот Адеми, одговарајќи на прашање пред почетокот на конференцијата „Реформа на техничкото образование во стручните училишта во Република Северна Македонија“.

Тој посочи дека платите во средното и основното образование во изминатата година се покачени за 10,8 проценти, а после неколку години прват годинава се покачуваат и платите во високото образование и во науката.

-Не би сакал да има ни предупредувачки штрајк во понеделник, имајќи предвид дека тоа ќе биде првиот ден на образовната кариера на првачињата кои на свечен начин на тој ден го почнуваат нивниот нов живот. Да не им го упропастиме тој ден, бидејќи навистина нема причина за тоа и веќе сме покажале дека сме на иста страна со СОНК и имаме заедничка цел – подобрување на статусот на вработените во образовната дејност. Велиме ќе седнеме ќе преговараме и заедно ќе ги разгледаме сите параметри и ќе одлучиме за идното покачување на платите. Има волја од страна на Владата да продолжиме со тој тренд и за идно покачување на платите. Затоа нема потреба да се организира било каков штрајк, рече Адеми.

Појасни дека во петокот учествувал на седницата на Советот на СОНК и го пренел ставот на Владата дека нејзини приоритет е подобрување на статусот на сите вработени во секторот образование. Нагласи дека и вчера телефонски контактирал со претседателот на СОНК Јаким Неделковски и најави дека и неделава ќе има нова средба.

-Имаме добри релации и солиден социјален дијалог. СОНК е запознаен со секој наш чекор што сме го направиле последниве 14 месеци. Контактирани се пред време и за законските решенија, барајќи од нив предлози и коментари кои сме ги добиле и повеќе од нив сме ги инкорпорирале во законите, но и во делот на платите. Имаме заедничка цел и треба да седнеме заедно и на конструктивен начин да одлучиме колку се можностите. Ајде да преговараме дали можеме или не можеме да ја покачиме платата. Ние велиме можеме, а колку ќе биде тоа идно покачување на платите зависи од параметрите. Да ги разгледаме заедно и да одлучиме заедно, бидејќи ни е заеднички приоритет и цел подобрувањето на статусот на вработентие во секторот образование, порача Адеми.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати