Адеми: Најдобрите студенти што ќе патуваат да ги достават документите до МОН

Од:

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми изјави дека е почната новата стимулативна мерка „Патување за најдобрите студенти“ и ги повика студентите што ги исполнуваат условите од јавниот повик на МОН да ги достават потребните документи. 

Мерката важи за најдобрите студенти од трите најдоброрангирани универзитети во Македонија – „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. 

– Од податоците кои ги добивме од овие универзитети, се работи за вкупно 201 студент, од кои 144 од УКИМ, 32 од Универзитетот на ЈИЕ и 25 од Штипскиот универзитет. Критериумот е студентите да имаат просек најмалку 9.5. Околу 65 илјади евра се обезбедени за овој проект. Дестинациите се Венеција, Париз и Барселона, а периодот на реализација е од мај до ноември. Доколку се пријават за патување, тоа мора да го реализираат. Во спротивно, ќе треба да ги вратат парите кои се потрошени за патувањето. Ги повикувам сите студенти кои се на листите на овие универзитети да ги поднесат потребните документи од јавниот повик до Министерството за образование и наука, рече Адеми при посетата на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески

Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

А1он

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб и Барди со Трабзонспор, во „лов“ на Лигата на шампионите

Динамо Загреб на Аријан Адеми пријави четворица позитивни на Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Адеми бара настава со физичко присуство, онлајн настава ќе дозволи само ако биде принуден

Кристијан Ландов