Адеми на средби со граѓани кои живеат и работат во странство

Од:

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми, денеска и утре во повеќе места низ Македонија ќе одржи средби со граѓаните кои живеат и работат во странство.

Целта на овие средби, информираат од Кабинетот на Адеми, е подобрување на комуникацијата помеѓу македонската дијаспора и државните институции, но и создавање на Национална стратегија која ќе биде базирана врз реалните потреби на дијаспората.

Министерот Адеми денеска ќе има средби со иселениците од Дебреште и Крушево, а утре во Ростуше, Центар-Жупа и Дебар. Во Дебар министерот Адеми ќе ја посети и организацијата Центар за одржлив развој на заедницата Дебар.

Би можело да ве интересира

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески

Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

А1он

Адеми бара настава со физичко присуство, онлајн настава ќе дозволи само ако биде принуден

Кристијан Ландов

Адеми: Ја прекинавме тридеценсиката изолација, ја донесовме земјата до интеграција

Драган Поповски

Адеми: Делата на Стерјо Спасе мост помеѓу Албанија и Северна Македонија

А1он