Адеми: Италија е наш традиционален партнер во евроатлантската интеграција и регионалната соработка

Од:

Одличните односи на регионот Трст, еден од најразвиените делови на северна Италија, со балканските земји во рамките на економската соработка, културата и традицијата беа тема на разговор на работните средби на министерот за дијаспора Едмонд Адеми со претседателот на регионалниот парламент на Трст, Пјеуро Мауро Занин и со потпретседателот Франческо Роко во рамките на тридневната посета на Република Италија.

Претседателот Занин, информираат од владината прес-служба го пренесе интересот за продлабочување на односите со Република Македонија во областа на човековите ресурси, проектни програми, во областа на земјоделството, образованието и културата. Воедно министерот Адеми и претседателот Занин разменија повеќе информации за актуелните политички состојби во двете земји.

Занин искажа беспрекорна поддршка за Република Македонија за референдумското прашање. Според него, Италија претставува традиционален партнер во поддршката во сите развојни етапи на интеграциските процеси на Република Македонија. Соговорникот изрази надеж дека референдумот ќе заврши со успех и потсети дека ниту една земја порано во изградбата на партнерските односи со ЕУ, немала ваква поддршка.

Министерот Адеми се заблагодари на оваа пријателска средба, го покани претседателот Занин да ја посети Република Македонија и да се запознае со состојбите во нашата земја, а воедно да се изгради меѓусебна соработка со овој регион на Италија и Република Македонија.

Министерот Адеми, посочи дека регионот Трст и Република Македонија имаат потреба да ја зајакнуваат и развиваат соработката во насока на инвестициите и пренесување на искуствата во повеќе области на взаемни интереси пред се во областа на економијата, трговијата, земјоделската соработка и во областа на културата и образованието.

Стана збор и за дијаспората од Република Македонија, која е распространета во Америка, Европа, а со посебен нагласок на Италија.

Во разговорите двајцата соговорници се согласија дека нашата дијаспора е целосно интегрирана во италијанското општество и служи како мост за развивање на пријателски односи меѓу двете земји. Двајцата соговорници се согласија со тоа дека институциите во Трст треба да преземат чекори за целосна поддршка и промоција на македонската култура, јазик и историја.

Воедно, министерот Адеми оствари средба и со ректорот на Универзитетот на Трст проф. Маурицио Фермеглиа. Оваа највисока академска и образовна институција апсорбира студенти не само од Италија, туку и од други европски држави, а воедно и од Северна Африка. Универзитетот во Трст е институција за изучување на природните и општествените науки, со посебен осврт на фармацијата и медицината, математиката и биолошките науки. За време на разговорот, соговорникот покажа големо познавање за Република Македонија во целина, но и за актуелните политички состојби во земјата.

Целта на оваа посета беше запознавање на двете страни и воспоставување на основа за идна соработка помеѓу Универзитетот на Република Македонија и Универзитетот од Трст. Министерот Адеми го посети и центарот на поранешната Воена болница која е адаптирана во Академска институција за тренинг, менторирање, практична настава и усовршување.

Центарот има улога на одржување на иновативни студии, професионалното издигнување, помагање на иновативни решенија во производството во различни нивоа на академската кариера и зголемување на менаџерските капацитети во практиката.

За посетата на министерот Адеми во Италија имаше голема заинтересираност од страна на државните и регионалните телевизии, како и од печатените медиуми и на крајот на средбите министерот Адеми имаше интервју за државната телевизија Раи Уно, но и за регионалните телевизиски станици од Трст.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски