Адеми ги губи позициите во ДУИ?

Од:

Ќе има ли кадровски смени во ДУИ?

„На генералниот секретар на ДУИ и актуелен министер за животна средина, Абдилаќим Адеми, сé повеќе му слабее позицијата во партијата, и таа функција наскоро може да ја добие актуелниот министер за правда, Блерим Беџети“, пишува порталот на македонски и на албански јазик „Журнал“.

Според извори од партија на кои е повикува порталот, Блерим Беџети ужива сé поголема поддршка за позицијата во раководството на ДУИ, вклучувајќи ја и поддршка на лидерот на партијата, Али Ахмети, па не е исклучено Адеми да биде назначен за директор на некое јавно претпријатие, иако како опција постои и можноста тој да биде испратен како амбасадор во некоја странска земја.

Инаку, слабеењето на позицијата на Адеми во партијата се должело на недостатокот од комуникација со партиската структура.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански