Адеми: ДУИ очекува фер, демократска и мирна кампања

Од:

ДУИ очекува кампањата за предвремените парламентарни избори да биде фер, демократски и мирни, изјави денеска Арбр Адеми, член на највисокото раководство на партијата.

– Ние очекуваме фер, демократска и мирна изборна кампања и сме максимално фокусирани на следната победа на ДУИ. Секогаш кога ДУИ била на власт се организирани фер и демократски избори без инциденти и резултатите биле прифатливи за сите учесници во изборите, рече Адеми на прес-конференција во седиштето на партијата.

Според него, во ДУИ се уште се преават анализи за тоа кој се ќе се најде на листите за пратеници.

– Се прават длабоки анализи како и секогаш и партијата ќе ги предложи најдобрите кандидати кои на достоинствен начин ќе ги претставуваат Албанците, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански