Адеми: Бараме истрага за работата на безбедносните служби од 1945 наваму и проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции

Од:

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Арбр Адеми денеска на прес-конференција ги повика сите парламентарни и политички партии да го поддржат Предлог законот за ветинг со меѓународен надзор, преку кој би се извршило проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции во последните 33 години.

– Нашиот став е јасен и непроменлив, затоа упатуваме повик до сите парламентарни и политички партии да го поддржат Предлог законот на Демократската унија за интеграција за ветинг со меѓународен надзор, еден сеопфатен и бескомпромисен процес што ќе ја врати довервата на граѓаните во правосудството и институциите … Бараме проверка и контрола на потеклото на имотот на сите носители на јавни функции во последните 33 години … Ја потенцираме потребата од длабока истрага на процесот на приватизација, кој во многу случаи служеше како основа за создавање на недопирливи олигарси, рече Адеми.

Демократската унија за интеграција, додаде, бара истрага и за дејствувањето на безбедносните служби на државата и функционерите кои биле дел од тие служби од 1945 година наваму.

– Ова темно поглавје не смее да остане нерасчистено. Правдата не се мери со изјави, туку со конкретни одлуки. Бараме, исто така, истрага за дејствувањето на безбедносните служби на државата и за функционерите кои биле дел од тие служби од 1945 година наваму. За ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ, рече Адеми.

Ова не е само политички проект, ниту пак стара заложба на ДУИ, туку услов за правда и за поправедна иднина за сите граѓани. Ги повика сите политички партии, како што вели, да го следат нивниот пример и да побараат од Јавното обвинителство истрага и ветинг за секој свој функционер на секое ниво на јавна функција“.

– Упатуваме јасен повик на сите политички партии во земјава да го следат примерот на ДУИ и да побараат официјално од Основното јавно обвинителство истрага и ветинг за секој свој функционер, на секое ниво на јавна функција. Ако немаат што да кријат, нека го докажат тоа, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо уставни измени и европска интеграција, Вреди ја отвори вратата за опасни влијанија од Белград и Москва

Османи: Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје