Адаптирано возило за здружението на граѓани „Мобилност“

Од:

Адаптирано возило денеска доби здружението „Мобилност“ во кое членуваат лицата со хендикеп од општините Велес, Градско и Чашка.

Возилото во вредност од над 20 илјади евра е дел од проектот финансиран од амбасадата на Германија, компанијата „Дрекслмајер“, Божиќниот базар на германската Амбасада во Скопје и општина Велес. На денешното примопредавање присуствуваше и германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

– Ние се приклучивме кон овој проект, кој е многу важен за лицата со посебни потреби на кои сакаме да им помогнеме и да им го олесниме животот. Со овој проект ќе им се овозможи на лицата со телесен инвалидитет да бидат помобилни и да бидат полесно инклузирани во целото општество, нагласи амбасадорката Алтхаузер.

Генералниот директор на компанијата „Дрекслмајер“ Лукас Мирингер, денеска во Велес присуствуваше на предавањето на возилото на лицата со хендикеп.

– Нашата компанија како општетствено одговорна како и досега и понатаму ќе поддржува проекти од областа на културата, образованието, спортот, а посебно на лицата со хенцикеп, кои за нас имаат важно место при реализииција на нашите зацртани проекти, нагласи Мирингер.

Иванка Колева од здружението „Мобилност“ се заблагодари на финансиерите за возилото, за кое потенцира дека им е било повеќе од неопходно за секојдневните потреби на сите членови од Велес, Градско и Чашка, а посебно за прегледи и лекување на нивните членови во клиниките во Скопје и други секојдневни потреби.

Би можело да ве интересира

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он