АД ЕСМ со голема акција за дезинфекција на станбените комплекси во Битола

Од:

АД ЕСМ во соработка со подружницата на РЕК Битола, ФОД-Битола и синдикалните организации од овие компании, со екипа од 50-на опремени и обучени лица, на повик на Општина Битола денеска извршија дезинфекција во сите влезови на станбените единици во Нова Битола.

Тимот ќе биде на располагање на општината додека трае кризата со КОВИД-19, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

-Ќе направиме се што е во рамки на нашите можности и надлежности, а нашите професионалци постојано ќе вршат дезинфекција на колективните станбени заедници, објекти во кои има најголема популација од населението, ќе се дезинфицираат индивидуални станбени објекти но и институции на кои ќе им биде потребна помош, истакна Ковачевски.

Според него, ЕСМ уште еднаш потврди дека е општествено одговорна компанија.

-Освен општествената, сакаме да ја потврдиме и личната одговорност кон заедницата. Затоа е потребно сите заедно, посветено и одговорно да се справиме со коронавирусот, истакна Ковачевски и најави акции и во други македонски градови.

Масовната дезинфекција на станбените комплекси во Нова Битола во придружба на Ковачевски ја координираа генералните директори на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на ФОД-Битола, Методија Тасевски.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките