А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

АД ЕСМ: Нашето производство е во континуиран пораст од 2017 наваму

by А1он27/11/2019 - 14:5127/11/2019 - 14:57331
Share0

„Како државна компанија за производство на електрична енергија, АД Електрани на Северна Македонија ја информира јавноста дека производството преку кое граѓаните се снабдуваат со електрична енергија тече во најдобар ред и согласно плановите на АД ЕСМ.

Добивај вести на вибер

Снабдувањето е сигурно и стабилно и секое споменување на АД Електрани на Северна Македонија во негативен контекст во изминатите денови од страна на партиски претставници е неиздржано и спротивно на фактичката ситуација.

Нашето производство е во пораст и тој тренд се задржува од 2017г наваму. Производството на најголемиот капацитет, РЕК Битола, е поголемо за 13% од планираното, со што се компензира пониското производство на хидроелектраните годинава поради непогодната хидролошка година.

РЕК Осломеј исто така е вклучен во системот и дава свој придонес во задоволување на зголемените потреби за електрична енергија со почнувањето на грејната сезона. Зголемено е и производство на електрична енергија од Ветерниот парк Богданци.

Увоз на електрична енергија нема и АД ЕСМ целосно ги исполнува своите преземени обврски за производство, кое е оптимизирано и со навремените инвестициски зафати за тековно одржување на капацитетите.

Сакаме да нагласиме и дека минатата недела АД ЕСМ ја задржа истата цена за продажба на електричната енергија кон Универзалниот снабдувач, со што обезбеди основни услови да нема поскапување на струјата за граѓаните“, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

dpmnesdsmstruja

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто