АД ЕЛЕМ: Не станува збор за никаква хаварија

Од:

Во врска со наводите изнесени на прес конференцијата на СДСМ одржана на 23.02.2013 година АД ЕЛЕМ го истакнува следното:

Вечерта помеѓу 20 и 21 февруари, на јагленовиот систем на површинскиот коп Суводол – Подружница РЕК „Битола“ поради обилните дождови во изминатиот период, се случи свлекување на поголема количина на јаловински материјал, за што АД ЕЛЕМ вчера ја информираше јавноста.

Значи не станува збор за никаква хаварија ами појава која не е невообичаена, особено за овој период годината во услови на обилни врнежи. Само благодарение на секојдневното следење на геомеханичката стабилност на теренот од страна на надлежните служби на Производната единица „Рудници“, благовремено беа преземени неопходните мерки за евакуација на багерските единици и останатата механизацијата на јагленовиот систем, со што се избегнаа поголеми последици од оваа природна непогода. Меѓутоа, и покрај преземањето на превентивните мерки дел од свлечениот материјал делумно го оштети погонот за движење на багерот КУ 300, кој директно беше ангажиран на ископ на јаглен.

Во моментот во ПЕ Рудници засилено се работи на расчистување на свлечениот материјал и на санација на багерот КУ 300, што според првичните согледувања се очекува да трае неколку дена.
Експлотацијата на јаглен во ПЕ Рудници се одвива во зимски услови, што не влијае на континуираното одвивање на производниот процес и испораката на јаглен до термоелектраните „Битола“.

Истовремено, стабилноста на земјиштето во Производната единица „Рудници“ постојано се следи од страна на стручните служби во Подружница „РЕК Битола“ и во континуитет се превземаат превентивни мерки за заштита на вработените и имотот на АД ЕЛЕМ.

И на крај, вработувањата на млади стручни кадри во изминатиот период во Подружница РЕК„Битола“ се резултат на две причини. Првата причина се големите капитални инвестиции кои во изминатите години се реализираа во РЕК„Битола“ како што е модернизацијата и автоматизацијата на турбо агрегатите и генераторите на трите енергетски блока на термоелектраната, започнатата модернизацијата на котлите во термоелектраната, отворањето на два нови рудници – ПК Брод – Гнеотино и Подинската јагленова серија на ПК Суводол, засилувањето на производните капацитети со нова рударска опрема, роторни багери, багери дреглајни, одлагачи и др. Втората причина е секако неминовната промена на старосна структура на вработените, освежување на Комбинатот со ангажирање на млад стручен кадар и замена на оние преку 500 работници на кои само во последните неколку години, по различни основи им престанал работниот однос.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски