АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

Од:

Пропагандата не трае долго. Вистината секогаш излегува на виделина. Месеци наназад, на граѓаните им беше сервирана повторувана лага дека наводно Арбен Таравари и Блерант Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем, особено во Клиничката болница во Тетово. Овој наратив беше намерно користен од коалицијата ВЛЕН за да се префрли вината и да се прикрие нивната неспособност да донесат конкретни решенија. Денес е повеќе од јасно – иако ВЛЕН е дел од владата, иако го има министерот за здравство и сите механизми во свои раце, вработувањата продолжуваат да се одолговлекуваат, ветувањата остануваат само на хартија, а граѓаните повторно се жртви на политичките игри, велат од Алијанса за Албанците.

„Случајот со Тетовската болница ја докажува реалноста – проблемот не беа Таравари или Рамадани. Проблемот беше и останува недостатокот на политичка волја, неспособноста за управување и злоупотребата на потребите на народот за пропагандистички цели.

Затоа денес ги прашуваме експонентите на ВЛЕН – дали ова беше однапред смислена пропаганда, или едноставно уште еден неуспех во вашето владеење?

Алијанса за Албанците нема да дозволи граѓаните бесконечно да бидат измамувани. Времето на лажни обвинувања помина. Сега е време за одговорност и отчетност, а октомври е блиску – многу блиску“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска

Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции