АА: Како и во 2008 година, Владата ја отстрани земјата од ЕУ и се доближува до Русија

Од:

Владата на ВМРО-ВРЕДИ-ЗНАМ целосно го промени патот на државата и за неполни 100 дена успеа да се одалечи од ЕУ и да се приближи до Русија, преку врските со Вучиќ и Орбан. Денес, Северна Македонија е во иста ситуација како во 2008 година, кога на Самитот во Букурешт, Албанија доби покана за членство во НАТО, додека земјата влезе во изолација и процесот беше одложен за уште 10 години, велат од Алијанса за Албанците.

„Членството во Северно-атлантската алијанса е овозможено благодарение на посветеноста на сите прогресивни сили, како на власт, така и во опозицијата, и постигнување договори со соседите, по што започна деблокирањето и на преговорите со Европската Унија. Во моментот кога се очекуваше да се изврши само последниот чекор, уставните измени за вклучување на малцинствата во Уставот, актуелната Влада ја зголеми националистичката и антизападната реторика, како и почна да кокетира со Србија, Унгарија и Русија.

Од првите денови на формирањето на Владата односите со сите други соседни земји беа затегнати, а првите посети беа на Србија и на претседателот Вучиќ. Врските со анти-ЕУ и анти-НАТО блокот кулминираа со директни договори, заеми и посета на претседателот Виктор Орбан, познат по неговите блиски врски со Русија и претседателот Путин.

Сето ова се случи токму во моментот кога беше објавена веста дека Албанија може да се одвои од Северна Македонија и сама да започне со отворање на преговорите со Европската Унија. Потсетуваме дека ваквите авантури ја загрозуваат иднината, изолацијата на државата и сериозни последици за граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Муртезани: Очекувам да продолжи трендот на заминување од редовите на Алијанса на Албанците

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он