АА – дијаспора: Коалицијата Влен најмногу ја злоупотреби дијаспората за предизборни цели, а сега ни врти грб

Од:

Со голема загриженост ги следиме политичките случувања во нашата земја, каде за кратко време новата Влада донесе некои одлуки на штета на Албанците и другите заедници. Неодамна оваа Влада ја донесе најсериозната одлука за нас како дијаспора, промените во Балансерот, бришејќи не од официјалната статистика и со тоа ни го ускрати правото на застапеност и да бидеме дел од општата популација во државата. Оваа голема неправда не само што е дозволена, туку и ја спроведува и коалицијата Влен, која сега исто така учествува во ваквото одлучување, се вели во соопштението на Ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората.

„Ние, како дијаспора, потсетуваме дека сме граѓани на Северна Македонија и директен придонесуваме во сите процеси во земјата, како во економските преку ремитенци и во многу случаи и со директни инвестиции, како и во многу други сфери од јавниот живот. Ние сме директно поврзани со нашата татковина, во многу моменти сме директно вклучени и бараме да се врати еднаквиот третман со другите граѓани. Коалицијата Влен најмногу ја злоупотреби дијаспората за предизборни цели, а сега не само што врти грб, туку сака да не направи и непостоечки. Сите ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората реагираат гласно на неодамнешната одлука за бришење на албанската дијаспора од официјалната статистика за правична застапеност, а за оваа одлука ќе ги алармираме и европските и светските центри за одлучување како и сите здруженија на албанската дијаспора. Овие нелегитимни одлуки на Владата ги гледаме како чекор кон спречување на нашето враќање во татковината и се сомневаме дека се кријат уште поопасни сценарија. Ги повикуваме сите други политички сили, граѓански организации и секој сонародник да го крене својот глас и да не дозволи оваа неправда која ги уништува над две децениските достигнувања за интеграција на дијаспората и откривање на реалниот процент на населението во Северна Македонија, се нагласува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Горан Наумовски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Алијанса за Албанците: Власта се предаде, паднаа лагите, а саботажата на Коридорот 8 пропадна

Горан Наумовски

АА: Укинувањето на балансерот е антиалбанска политика