АА-ААА: МЕПСО и ЕЛЕМ да се откажат од покачувањето на цената на електричната енергија, цената да биде намалена за 20 отсто

Од:

За жал, дури и во време на пандемија, владата преку регулаторните тела донесува одлуки со кои ги штити монополите и олигополите, додека постојано ја влошува состојбата на граѓанит, повеќе од иритирачки е фактот што нашата држава сè уште игра со судбината на своите граѓани, се вели во соопштението на Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива како реакција на највата за покачување на цената на електричната енергија.

„Зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4% е драстично зголемување што не би се оправдало дури и во нормални времиња, а уште помалку може да се оправда во услови на криза кога граѓаните имаат намалени приходи.Наместо да им помагаат на граѓаните, тие се повеќе се соочуваат со дополнителни трошоци.Образложението дека ова зголемување се должи на намалените приходи во овој сектор е скандалозно, бидејќи граѓаните платиле и продолжуваат да плаќаат сметки за електрична енергија дури и во услови на криза без никакви разлики.Револтирани како и секој граѓанин на нашата земја, коалицијата АА-ААА бара итно повлекување на одлуката на Регулаторната комисија! Државата има обврска да им помогне на граѓаните наместо да ги оптоварува со неосновани поскапувања.Како земја што се стреми кон Европската унија, ние имаме обврска да се однесуваме во европски дух и да се прилагодиме на европските практики кои секогаш го ставаат Граѓанинот на прво место!“, стои во соопштението.

Во овој поглед, коалицијата АА-ААА бара цената на електричната енергија да се намали за 20% минимум, со цел да се олесни состојбата на граѓаните додека не се надмине пандемијата, а исто така да се разгледа и индустриската тарифа за деловните субјекти, „ние како коалиција сме подготвени да ги поддржиме граѓаните по секоја цена и целосно ги поддржуваме нивните барања“, потенцираат тие.

Би можело да ве интересира

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија