Владата ги очекува извештаите за пожарот во „Македонски пошти“

Од:

Владата на Република Македонија на последната седница донесе заклучок со којшто ги обврза сите државни институции коишто имаат делокруг на постапување во врска со каков било аспект во случајот со пожар во „Македонски пошти“ да изготват интегриран извештај, информираше портпаролот на Владата Александар Ѓоргиев.

Државните институции во рок не подолг од 15 дена од минатиот вторник треба да го достават до Владата на разгледување. Се разбира дека и АД „Македонски пошти“ треба да поднесе извештај. Овие извештаи на дополнителните институции ќе бидат интегрирани во вкупниот извештај и Владата ќе го разгледува во период не подол од 15 дена, изјави Ѓоргиев.

Врз основа на приказот во самиот извештај фактите, моментите, доказите коишто постојат таму Владата, како што рече, ќе заземе став за секој аспект од моментите кои се наоѓаат во рамките на самиот извештај и соодветно на тоа ќе даде препораки и заклучоци.

Во пожарот во „Македонски пошти“, што се случи на 15 јануари, беа опожарени фоајето и неколку катови од зградата.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on