90 санкционирани возачи во Скопје: 18 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за возачи почетници, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за неносење на сигурносен појас…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава