80 проценти од починатите од Ковид-19 биле невакцинирани

Од:

Во период од 06.08 до 11.11.2021 на територија на државата 52.436 граѓанин биле позитивни на тестирањето за Ковид 19, од нив 29% биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица информира Министерството за здравство.

Според статистика за изминативе три месеци, 36.980, граѓани, односно 71% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Во период од 6.08 до 11.11.2021 на територија на државата починале 1.788 пациенти со Ковид 19, 1.434 пациенти од починатите, односно 80% не биле вакцинирани, а 20%, односно 354 примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска