А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

79 отсто од поддржувачите и симпатизерите се за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

by А1он26/07/2017 - 14:16112
Share0

Четворица од пет поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ или 79 отсто од поддржувачите и симпатизерите на партијата се согласуваат со тврдењето дека во опозициската партија се потребни реформи, покажа најновата анекта на агенцијата „Рејтинг“, изработена за „Макфакс“.

Добивај вести на вибер

На прашањето колку се согласувате со тврдењето дека во ВМРО-ДПМНЕ се потребни реформи, високи 79,3 отсто од испитаницитге се согласуваат, а 18,2 отсто не се согласуваат.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ може да се врати на власт со или без внатрепартиски реформи, резултатите покажуваат дека 42,1 отсто од оние што сметаат дека во партијата се потребни реформи исто така сметаат и дека без нив е невозможно ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт. Речиси ист процент, односно 43,3 отсто, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ може да се врати на власт и без реформи, иако веруваат дека и покрај тоа реформи се потребни.

Дури 75,1 отсто од анкетираните сметаат дека во партијата се потребни поголема слобода на говорот и демократизација, a 59 отсто сметаат дека во партијата сите важни одлуки ги носат неколкумина во врвот. Дополнително, 44,9 отсто од анкетираните изјавиле дека е потребна реформа во партијата, со која ќе му се намали моќта на лидерот сам да одлучува за важни прашања.

Сите овие податоци водат кон заклучок дека повеќето од поддржувачите на партијата имаат проблем со односот на актуелното раководство и веруваат дека е потребна демократизација на партијата. Во услови на вакви ставови јасно е дека постои сериозен страв од изјаснување меѓу поддржувачите и во самата анкета, што може да е индиктор на уште понегативни мислења, но скриени при истражувањето.

Политиката на постојано креирање непријатели не ја одобруваат 42,5 отсто од анкетарините поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сметаат дека партијата треба да ја напушти оваа политика која не носи веќе резултати, а 37,5 отсто сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е меѓународно изолирана партија.

Сериозен процент поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат некакви внатрепартиски промени. За поголем дел од нив, власта во партијата е сконцентрирана во рацете на мал број луѓе кои имаат преголема моќ за самостојно одлучување.

На прашањето дали се согласувате со предлогот идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да го избираат сите членови на партијата со тајно гласање од повеќе кандидати – позитивно одговориле 72 отсто. Само една четвртина или 24 отсто не се согласуваат со идејата лидерот да се избира со тајно гласање од повеќе кандидати.

Една третина или 32 отсто од анкетираните членови на ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат со барањето во идното раководство на партијата да не може да се кандидираат лица обвинети од СЈО. Со ова не се согласуват 61 отсто.

На прашањето колку ја одобрувате иницијатива на Александар Михајловски и другите членови од таканаречената група реформатори за внатреапартиски реформи, речиси половината од анкетираните или 48,9 отсто целосно или главно ја одобруваат иницијативата за реформи во партијата, а 31,2 отсто одговориле дека воопшто или главно не ја одобруваат.

Слични одговори се добиени и на следното прашање за поддршката што тие ја имаат меѓу членството на партијата. На прашањето дали според вас иницијативата за реформа на ВМРО-ДПМНЕ има многу голема поддршка, прилично голема поддршка, прилично мала поддршка или многу мала поддршка меѓу членовите на партијата, речиси двојно повеќе од анкетираните сметаат дека реформаторите имаат поддршка меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според резултатите, мнозинството анкетирани не го одобруваат разрешувањето на реформаторите. Мнозинството поддржувачи на партијата не се согласуваат со постапката на актуелното раководство да ги разреши предводниците на иницијативата.

Истражувањето на агенцијата „Рејтинг“ е спроведено на примерок од случајно избрани 1.000 поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во сите шест изборни единци, по пат на телефонско интервју.

dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен