76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Од:

Во СВР Битола вчера 76-годишна жена од Битола пријави дека e измамена од непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар. Лицето и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот.

Како што информира МВР, жената заедно со сопругот однеле 7.000 евра и ги дале на едно лице, кое според договорот, ги чекало кај саатот во Битола.

– Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена, односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

А1он