76-годишен маж загина во пожар во Скопје

Од:

Во пожар во стан во зграда на улицата „Пандил Шишков“ во Скопје утрово животот го загуби Г.Б. (76).

Како што соопштија од МВР, околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда во општина Аеродром.

– Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Претходно, од ЦУК информираа дека екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со шест ПП возила.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он