73 болни од жолтица, 16 се на Инфективната клиника

Од:

Шестнаесет заболени граѓани од жолтица се лекуваат на Инфективната клиника во Скопје. Меѓу нив има неколку деца на возраст од пет до шест години, а поголемиот број се полнолетни, на возраст од 20 до 46 години. На Клиниката вчера е примена дваесетгодишна девојка, за која е утврдено дека е заболена од Хепатитис А, односно жолтица, изjави денеска заменик директорката на Инфективната клиника, доктор Снежана Стојковска.

Според неа, овој тип заболување нема да предизвика сериозни последици по здравјето на заболените, а како клучен причинител за нејзиното ширење е неодржувањето лична хигиена.

– Првите симптоми кои укажуваат на заболувањето се покачена телесна температура, дијареа и повраќање. Во овој момент, кажано од клинички аспект, не може да се каже дека имаме многу заболени, бидејќи ако се сеќавате во 2009 година имавме дури 200 – вели Стојковска.

Здравствените власти вчера соопштија дека шест нови случаи од жолтица се евидентирани на подрачјето на Скопје откако е прогласена епидемија со што бројот на заболени во главниот град се искачи на 72. Од заболените, 16 се лекуваат на Инфективната клиника, двајца на инфективното одделение во Градската општа болница „8 Септември“ и се во добра здравствена состојба, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Најголем број од заболените, односно 27 се на возраст од 3 до 14 години, 21 лице се на возраст од 29 до 40 години, 19 лица на возраст од 16 до 25 години, а шестмина заболени се на возраст од 48 до 55 години.

Најмногу заболени има во Шуто Оризари, а по неколку заболени има речиси во сите општини во Скопје, односно во Аеродром, Карпош, Центар, Чаир, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден и во Бутел.

Во Штип, каде прво се појави жолтицата, до вчера бројот на заболени е 30 лица. Најмногу заболени се на возраст од 20 до 39 години, а 10 случаи се од претшколска и школска возраст.

Би можело да ве интересира

ДСЗИ: Епидемија на жолтица има само во населбата „Даме Груев“, извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата каде има заболени

А1он

Министерство за здравство: Регистрираните случаи на жолтица не се епидемиолошки поврзани

Ана Ололовска

Шеесет и едно лице заразени со жолтица, меѓу нив ученици од основни и средни училишта

Татјана Ташкова

Епидемија на заразна жолтица во Посебното училиште во Ново Село

(ВИДЕО) СДСМ: Шуто Оризари жолтее, им делат апчиња со поминат рок од 11 години

Ана Ололовска

Во Струга нема регистрирано жолтица

Ана Ололовска