700 илјади евра за базен во Шутка за нуркање, синхроно пливање и скокови во вода

Од:

Базен во Шуто Оризари во кој жителите ќе се учат да нуркаат, да играат ватерполо, синхроно пливање и скокови во вода. Ова е најновата идеја на Агенцијата за млади и спорт за општината Шуто Оризари, согласно програмата за Владата на Република Македонија за развој на спортот која чини близу 700.000 евра

Во објавената тендерска документација за изградба на базенот единствен критериум за добивање на тендерот е најниската цена. Оваа мерка доаѓа по субвенциониите за бесплатно скијање на пензионерите.

-Проектираниот базен ќе ги задоволи сите потреби на општината и пошироко за обука на непливачи, тренинг на пливачи, ватерполисти, синхроно пливање и скокови во вода, натпревари во пливање, ватерполо и тоа на локално, национално и меѓународно ниво, учење на основите на нуркањето, одржување на манифестации од национален и меѓународен ранг со присуство на мал број на гледачи, се наведува во техничките спецификации од тендерската документација.

Агенцијата признава дека нема доволно вложено во спортовите на вода и дека опаѓа бројот на квалитетни пливачи од меѓународен карактер, па смета дека приоритет во моментов е изучување на овие водни спортови.

Носителот на набавката е должен градежните работи за изградба на отворениот пливачки базен да ги заврши во рок од 6 месеци од денот на воведување во градба. Со оглед на тоа дека ова е само најава веројатно се работи за политички маркетинг на Владата пред локалните избори како што и досега беа најавени проекти кои не беа остварени.

Според Агенцијата за млади и спорт, примарната дејност на овој објект ќе биде задоволување на потребите на општината како и атракции за забава на младите и разни угостителски и трговски содржини.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Струга доби затворен пливачки базен после две децении

Орце Костов

Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница

ВИДЕО: Нападнатата жена на базенот во Штип пријавила во полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка на базен во Штип, боксови, клоци, кубење за коси, мажи и жени

Предраг Петровиќ